Филипче: Нема нови мерки, се намалува преносливоста на вирусот
![Филипче: Нема нови мерки, се намалува преносливоста на вирусот](https://gdb.rferl.org/D115BBBE-D9DE-49D1-831D-F2EE8CAF5799_cx0_cy10_cw0_w800_h450.jpg)
Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека засега не е потребно воведување на полициски час. Според него, анализите покажуваат дека е намалена преносливоста на вирусот.
Филипче смета дека мерките даваат разултати, но предупреди дека вирусот е непредвидлив и во даден момент може да се влоши клиничката состојба на пациентите и тие да треба да се хоспитализираат. Тој нагласи дека се повеќе одделенија се пренаменуваат да третираат пациенти со ковид.
„Многу веројатно е дека за многу кратко време, тоа може да доведе до намалување на обемот на нормалната работа на одделенијата, редуцирање на термините преку системот Мој термин како за прегледи така и за интервенции, дијагностички или оперативни“, изјави министерот.
За 24 часа во Македонија хоспитализирани 43 пациенти со ковид-19
За разлика од пролетта и летото, според него, во овој период од годината вирусот има силна локална трансмисија. Тој притоа ја потенцираше важноста за почитување на мерките поради сериозниот притисок на здравствениот систем и брзото исполнување на болничките капацитети, како и недостаток на медицински кадар.
ДСЗИ: Се испитува смртта на 10-ина пациенти кои починале по компликации од ковид-19
Контролата врз короната меѓу реалноста и изјавите на надлежните
Филипче нагласи дека секојдневно се следат и се анализираат состојбите на терен, а доколку има простор и потреба Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство ќе препорачаат и дополнителни рестриктивни мерки, а следна мерка би можела да е полициски час.