ЕУ ги прошири санкциите кон Белорусија, вклучи и компании
Министрите за надворешни работи на Европската унија се согласија да ги прошират санкциите за Белорусија, односно санкциите сега да важат и за некои претпријатија. ЕУ воведе санкции кон Белорусија заради бруталниот одговор на белоруските власти кон протестите кои уследија по спорните претседателски избори во август.
Претходно беа воведени санкции кон Александар Луканешко и десетици други високи функционери, но тоа не даде резултати, односно власите не сопреа со репресијата кон демонстрантите. Па затоа шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, денеска рече дека новиот пакет санкции не се однесува само на поединци, туки и на институциите и претприемачите, и фирми.
Видео конференција на министри за надворешни работи на ЕУ
Овој потег ќе влијае на нормалната економска активност во земјата, рече Борел. Нема детали кои компании и деловни луѓе че бидат опфатени со новите санкции.
Лукашенко, кој владее со Белорусија 26 години, се соочува со скоро секојдневни протести кои повикуваат на негова оставка уште од претседателските избори на 9 август, кои според опозицијата се наместени, а Западот одбива да ги прифати.