Да се стави крај на профитерството во време на криза, бараат невладини организации
![Да се стави крај на профитерството во време на криза, бараат невладини организации](https://gdb.rferl.org/19E098D7-92B6-4C1A-8B70-0A3A0B24B140_w800_h450.jpg)
Четириесет и четири невладини организации застанаа зад барањето државата да го регулира лекувањето поврзано со ковид-19 во приватните болници по примерот на јавното здравство каде се плаќа само партиципација за лекувањето и тоа да биде во согласност со Ценовникот на здравствени услуги на Фондот за здравствено осигурување. Тие бараат дијагностиката и следењето на пациентите заразени со ковид да биде на сметка на државата.
„Пандемијата предизвика јавните здравствените установи да се преполнети со пациенти и да не можат да укажат здравствена нега на сите граѓаните заболени од COVID-19 на кои им е потребно болничко лекување, а лекувањето во приватните болници со превисоко поставените цени од нивна страна претставува привилегија за малкумина.“
„Да стави крај на профитерството во време на животно-загрозувачка криза. Да не дозволиме систематско кршење на правото на пристап до здравствена заштита со што шансите за преживување ќе зависат од тоа кој има повеќе пријатели и пари за да може да го спаси својот и животот на најблиските“, стои во соопштението зад кое стојат 44 организации, меѓу кои Хелсиншки комитет за човекови права, Фондација Отворено општество – Македонија Македонско здружение на млади правници, Институт за човекови права, Коалиција „Сите за правично судење, Центар за правни истражувања и анализии многу други.