Најмалку тројца убиени во рактени напади во Авганистан
Полицијата во Авганистан соопшти дека утрово со неколку ракетни напади биле погодени станбени области во главниот авганистански град Кабул при што загинале најмалку тројца, а десетици се повредени.
Насилствата се случуваат само неколку часа пред состанокот на американскиот државен секретар Мајк Помпео во Катар со тимови на авганистанската власта и Талибанците во рамки на мировните преговори. Ова исто така доаѓа и два дена пред главната донаторска конференција за Авганистан која треба да се одржи во Женева.
Зголемено насилство во Авганистан и покрај мировните преговори
Денешните експлозии во Кабул се и во близина на дипломатската област во главниот авганистански град каде што се сместени амбасадите поради што се вклучија и нивните сирени за опасност.