Во Србија рекордни 65 смртни случаи од Ковид-19
![Во Србија рекордни 65 смртни случаи од Ковид-19](https://gdb.rferl.org/0cb581c8-a4f8-4903-9138-cb7e8ff9849b_w800_h450.jpg)
Во Србија во последните 24 часа се потврдени 6.179 нови случаи на заразени со коронавирус од вкупно 15.508 тестирани, а во истиот период од Ковид -19 умреле 65 лица.
Во моментов, во болницте се сместени 7.256 пациенти, а 252 од нив се на апарати за дишење.
До денеска во земјата се регистрирани вкупно 169.214 случаи на Ковид 19, а од почетокот на пандемијата умреле вкупно 1.549 лица, соопштено е на владината веб-страницата covid19.rs.