Се воведува редовна авиолинија Скопје-Киев
![Се воведува редовна авиолинија Скопје-Киев](https://gdb.rferl.org/9FCA2CB9-3656-4CCE-AC9F-0C2E2FC0FBCA_w800_h450.jpg)
Од 6 декември се воведува редовна авиолинија на релацијата Скопје-Киев, соопшти Амбасадата на Украина во Скопје. Првпат се воспоставуваат летови меѓу Украина и Северна Македонија, а ќе ги реализира авиокомпанијата WINDROSE. Летови ќе има секој четврток и недела.
„Постоење на директните летови ќе придонесе за интензивирање на билатералната соработка – зајакнување на бизнис врските, развој на туризмот во двете земји, подобро запознавање на граѓаните на Северна Македонија со Украина и на Украинците со Република Северна Македонија“, стои во соопштението, објавено на Фејсбук страницата на Амбасадата на Украина.