Во Хрватска земјотрес со сила од 3,9 степени според Рихтеровата скала
![Во Хрватска земјотрес со сила од 3,9 степени според Рихтеровата скала](https://gdb.rferl.org/a6f09279-b10e-4276-9957-5526a5ac92d9_cx0_cy13_cw91_w800_h450.jpg)
Земјотрес со сила од 3,9 степени е регистриран во Хрватска, соопшти утрово Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар. Земјотресот беше регистриран околу три часот. Епицентарот бил во околината на Петриња и Сисак, на околу 51 километар југоисточно од Загреб на длабочина од пет километри.
Опасност од уривање на зградите во Петриња
Во последните неколку месеци, во Хрватска се регистрирани неколку земјотреси, а најсилниот беше на 29 декември лани.