Мы в Telegram
Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Июнь
2021

Новости за 27.06.2021

Класифицирани документи пронајдени на автобуска станица во Британија

SlobodnaEvropa.mk 

Класифицирани документи од областа на одбраната кои содржат детали за британскиот воен брод ХМС Дефендер и британската војска се пронајдени на автобуска станица во земјата, објави БиБиСи. Британската влада соопшти дека губењето на документи го пријавил вработен минатата недела, а истрагата е започната. Граѓанин, кој сакал да остане анонимен, стапил во контакт со Би-Би-Си, откако на 22 јуни нашол 50 страници класифицирани информации зад автобуската постојка во Кент. Во дел од документите се дискутирало... Читать дальше...

Иран нема на МААЕ да и дава слики од нуклеарните постројки

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на иранскиот парламент Мохамад Бакер Калибаф рече дека Техеран никогаш нема да предаде слики од внатрешноста на некои ирански нуклеарни постројки на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) бидејќи истекол договорот за набљудување. „Договорот е истечен ... која било од снимените информации никогаш нема да и биде дадена на Меѓународната агенција за атомска енергија и податоците и сликите ќе останат во владение на Иран“, изјави Калибаф. МААЕ и Техеран го склучија тримесечниот... Читать дальше...

Курти: Конечниот договор со Србија да подразбира и место за Косово во ОН

SlobodnaEvropa.mk 

Косовскиот премиер и лидер на партијата Движење Самоопределување, Албин Курти изјави денеска дека цел на неговата Влада во идните преговори со Србија е постигнување конечен договор. Во денешното обраќање на седницата на Генералното собрание на неговата партија, Курти рече дека „договор кој го содржи признавњето од Србија, а не резултира и со место во ОН, или кој нуди место во ОН како замена за признавањето од страна на Србија, може да биде договор, но не може да биде конечен“. Сите го знаеме барањето за конечен и законски обврзувачки договор.



Филипче: Следната недела ќе се забрза вакцинацијата

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за здравство Венко Филипче денеска порача дека благодарение на денешната пратка на вакцини, веќе во текот на наредната недела значително ќе се забрза процесот на вакцинација на територијата на целата држава, напиша попладнево. „Благодарност до кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо и на пријателската Кина, со чијашто помош успеавме да ги обезбедиме овие вакцини и денеска да ги добиеме во нашата држава“, наведува Филипче на Фејсбук. Пристигнаа 500 илјади вакцини „Синовак“, продолжува вакцинацијата... Читать дальше...

Препукувања меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за тендер на ЕСМ

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска истакна дека раководството на ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ), распишува тендер за ископ на јаглен и јаловина за цела календарска година на три месеци пред почеток на кампањата за локални избори. Тој посочува дека на тендерот се јавува една компанија. Нема електронска аукција и има само една понуда. во вредност од речиси 13 милиони евра. Според него, сегашната понудена цена е поголема за разлика од претходните години. „ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ) ја заврши 2020 година со загуба од 16,8 милиони евра. Читать дальше...

Убиени 4 лица во расправија за поделба на плажа во Албанија

SlobodnaEvropa.mk 

Во туристичкото место Велипоја во вооружен судир на плажата „Пулај“ биле убиени 4 лица, а две повредени. Жртвите се на возраст од 20, 25, 38 и 59 години, двајца од нив се браќа. Повредените се на 17 и 54-годишна возраст. „Причината за вооружениот конфликт е поделба на сопственоста над песочните плажи каде што се поставени лежалки, помеѓу два хотела, оддалечени 50 метри еден од друг“, изјави директорот на полицијата во Скадар, Нико Брахимај, на местото на настанот. Албанскиот претседател Илир... Читать дальше...

Четири лица заразени со ковид, нема починати, активни 228 случаи

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.514 тестирања, а регистрирани се 4 нови случаи на Ковид-19 и тоа 3 во Скопје и еден во Битола. Има 11 оздравени пациенти, 4 од Куманово, 3 од Скопје и по еден од Крива Паланка, Струга, Гевгелија и Радовиш. Не се регистрирани починати лица. Пристигнаа 500 илјади вакцини „Синовак“, продолжува вакцинацијата Досега во земјата се направени вкупно 872.894 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани... Читать дальше...

Пристигнаа 500 илјади вакцини „Синовак“, продолжува вакцинацијата

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за здравство соопшти дека денеска на скопскиот аеродром пристигнаа 500.000 вакцини од производителот Синовак. Вакцините, според соопштението, ќе бидат соодветно складирани во Поликлиниката „Јане Сандански“ и на Институтот за судска медицина каде што има доволно капацитет да се сместат во ладните соби по што ќе бидат дистрибуирани до пунктовите низ државата согласно закажаните термини за вакцинација. Ова е најголема количина на вакцини која одеднаш пристигна во нашата држава. „Со... Читать дальше...



Блинкен на средба со новиот шеф на израелската дипломатија

SlobodnaEvropa.mk 

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен денеска ќе го одржи првиот состанок со Јаир Лапид, новиот израелски министер за надворешни работи. Лапид лета за Рим за да го види Блинкен, кој ќе престојува во Италија во рамките на турнејата во три нации низ Европа. Состанокот доаѓа во момент кога администрацијата на претседателот на САД, Џо Бајден се обидува да го оживее нуклеарниот договор со Иран од 2015 година, во кој Техеран значително ја намали нуклеарната работа во замена за олеснување на санкциите. Читать дальше...

Пристигна првата пратка вакцини „Синовак“

SlobodnaEvropa.mk 

Првата пратка од 250 илјади кинески вакцини „Синовак“ пристигна на аеродромот во Скопје. Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил ја објави веста, а попладне се очекува да пристигнат и останатите количини. „Првиот авион од вкупната пратка од 500.000 дози вакцини, што ги купивме од производителот Синовак слета утрово на скопскиот аеродром. Во текот на претпладневните часови се очекува да пристигнат и останатите количини. Благодарност до Народна Република Кина за заложбите да... Читать дальше...

Британски министер поднесе оставка по прекршување на ковид мерките

SlobodnaEvropa.mk 

Британскиот министер за здравство, Мет Хенкок кој беше клучен во воведувањето и промовирањето на ограничувањата за Ковид-19 во земјата, поднесе оставка, откако еден весник објави фотографии на кои се бакнува со вработена во неговата владина канцеларија. Хенкок даде отказ откако фотографиите покажаа дека ги крши правилата додека служеше како централен носител на одлуки во борбата на Владата на Велика Британија против пандемијата. „Оние од нас кои ги прават овие правила мора да се придржуваат до нив и затоа морам да си дадам оставка“... Читать дальше...

Трамп со критика до Бајден за уништување на нацијата

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го критикуваше претседателот Џо Бајден за „уништување на нашата нација“ и ги повтори неоснованите тврдења за изборите во ноември на неговиот прв митинг по напуштањето на Белата куќа. Неколку илјади луѓе излегоа на вчерашниот настан на саем во близина на Кливленд, Охајо, на кој Трамп го поддржа Макс Милер, еден од неговите поранешни соработници. Милер предизвика еден од 10-те членови на републиканците, кои гласаа за импичмент на Трамп за неговата... Читать дальше...

Османи утре на министерски состанок на Вишеградската група и Западен Балкан

SlobodnaEvropa.mk 

Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи утре во Познан ќе учествува на годишниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите од Вишеградската групи и земјите од Западен Балкан, што се организира во рамки на Полското претседавање со Вишеградската група.  На состанокот се очекува да се отвори дискусија за последните случувања поврзани со процесот на проширување на ЕУ по состаноците на Советите на ЕУ, а ќе се разговара и за регионалната соработка и  пост-пандемиското економско заздравување на регионот. Читать дальше...

Пристигнуваат 500 илјади вакцини „Синовак“

SlobodnaEvropa.mk 

Пратката од 500.000 вакцини против Ковид 19, кои Министерството за здравство ги купи од кинескиот производител „Синовак“, денеска ќе пристигне на меѓународниот аеродром во Скопје. Пратката ќе ја пречекаат државната секретарка во Министерството за здравство Иванка Стојаноски и амбасадорот на Народна Република Кина во Северна Република Македонија, Џанг Ѕуо. Министерот за здравство Венко Филипче вчера на „Фејсбук“ објави дека вакцината „Синовак“ е ефикасна, безбедна за користење и одобрена од Светската здравствена организација. Читать дальше...

Сончево и топло време

SlobodnaEvropa.mk 

Денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 39 степени. УВ индексот ќе биде 8. Во Скопје слично време со утринска температура до 17 степени и дневна до 36 степени.

Османи: Според правилата на ЕУ, Бугарија може да не блокира и за тоа дали е Вардар чист или не

SlobodnaEvropa.mk 

Што предложила македонската делегација во Софија? Што значи ветувањето за одбивање од територијални, малцински и историски претензии кон Бугарија кое заменик шефот на бугарската дипломатија го цитираше на состанокот на ЕУ? Погледнето го интервјуто со министерот за надворешни работи Бујар Османи

Османи: Граѓаните се солидаризираат со Македонците поради директниот атак врз националните атрибути

SlobodnaEvropa.mk 

Ако има еден позитивен ефект од оваа блокада е дека граѓаните се сплотија во солидаризирање во случајот кон македонскиот народ бидејќи на некој начин под директен атак се неговите национални атрибути вели министерот за надворешни работи Бујар Османи во неделното интервју на Радио Слободна Европа.



Москва

В Москве произошла драка с участием 15 человек, двое в больнице


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Собянин рассказал о Международном форуме инноваций БРИКС



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Анастасия Волочкова

«Просто не афиширую»: куда пропала Волочкова с театральной сцены




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

Чья компания сильнее всех?

Сотрудница ОМОН "Оплот" приняла участие в костромском забеге «Галичское Заозерье»

«Шушумагия» и «Команда МАТЧ» – в топ-25 мультсериалов на «Кинопоиске»


ATP

Казахстанец совершил фантастический рывок в рейтинге ATP



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Авто

Работники АО "ДиМ" приняли участие во всероссийском полумарафоне



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России