Нови 10 заразени со Ковид19, седум починати
![Нови 10 заразени со Ковид19, седум починати](https://gdb.rferl.org/29EE29CF-07A3-4AA6-9109-30AA4C5462F6_w800_h450.jpg)
Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје информира дека во последните 24 часа се направени 2.825 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на Ковид19, од кои пет во Скопје, во Прилеп и Виница по два и еден во Куманово.
Пријавени се вкупно седум починати лица, најмладиот починат е 52 годишник од Струмица, а највозрасниот 80 години од Кочани. Од пријавените, три лица се починати во домашни, а останатите четири во болнички услови. За истиот период регистрирани се 332 оздравени пациент.
Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.417, бројката на оздравени пациенти е 149.292, на починати е 5.455, а бројот на активни случаи изнесува 670.