Словачка е втора земја во ЕУ во која се вакцинира со Спутник Ве
Словачка е втората земја членка на ЕУ во која граѓаните се вакцинираат со руската вакцина Спутник Ве. Почнувајќи од денеска(7 јуни), вакцината Спутник Ве се нуди на доброволна основа на лица од 18 до 60 години и е достапна во осум центри за вакцинација.
Словачка минатиот месец ја одобри употребата на вакцината, која не е одобрена од Европската агенција за лекови (ЕМА) и купи 200 илјади дози од руската вакцина.
Сепак, досега се регистрирани само околу 5.000 луѓе во земјата која има околу 5,5 милиони жители, кои сакаат да ја примат оваа вакцина.
Во Словачка почнува вакцинацијата со Спутник Ве
Унгарија е првата земја во ЕУ што започна да користи Спутник Ве.
Тајниот договор според кој Словачка требаше да набави 2 милиони руски вакцини Спутник Ве предизвика политичка криза во март, што резултираше со пад на владата на тогашниот премиер Игор Матович.
Во Словачка вакцинацијата се одвива со вакцините на Фајзер/БиоНТек, Модерна и АстраЗенека, сите одобрени од ЕМА.