ВМРО-ДПМНЕ блокира крстосници, бара владата да каже за што преговара со Бугарија
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска од 15 до 17 часот блокира крстосници на три места во Скопје и во девет други градови под мотото „Доста е, излези за Македонија“.
Како што најавија од опозициската партија протестите се со едно единствено барање односно, Владата да го даде на увид на јавноста таканаречениот „патоказ“ за преговорите со Бугарија.
Тие се сомневаат дека владата со Бугарија преговара за идентитетот, јазикот и културата. Опозициската партија обвинува дека премиерот Зоран Заев и специјалниот претставник Владо Бучковски правеле обид за продажба на националните и државни интереси во разговорите со Бугарија.