Поради невреме дел од Скопје без струја
Невремето што го зафати Скопје резултираше со испад во високонапонската мрежа, информираат од ЕВН Македонија. Поради тоа, корисниците на дел од Скопје, односно Центар и Аеродром, останаа без електрична енергија. Од ЕВН Македонија нагласуваат дека екипите на Електродистрибуција се на терен за брзо да интервенираат, а корисниците се префрлуваат на алтернативни напојни точки.