Телефонски разговор меѓу високи кинески и американски дипломати
Највисокиот кинески дипломат Јанг Џиечи и американскиот државен секретар Ентони Блинкнен денеска телефонски разговарале во ек на билатерални тензии меѓу двете земји.
Кинеската државна телевизија ЦЦТВ извести за разговорот, но не даде детали.
Американскиот Сенат оваа недела одобри пакет закони насочени кон зајакнување на напорите на САД за конкурентност во високотехнолошкиот сектор.
САД се водечка технолошка сила во светот, но нивниот удел во светското производство на полупроводници опадна од 37 отсто во 1990 на 12 проценти денес.
Американскиот претседател Џо Бајден вети дека ќе ѝ се спротивстави на Кина со „ударна сила“ во борбата против нечесните трговски практики кои долго време предизвикуваат напнатост меѓу Пекинг и Вашингтон.
Јанг е шеф на Централната комисија за надворешни работи на владејачката Кинеска комунистичка партија и влезе во жестока јавна размена на мислења со Блинкен и со други американски претставници во март за време на првата средба на високо ниво меѓу претставници на Кина и САД за време на мандатот на претседателот Бајден.
Сенатот на САД одобри „историска одлука“ за технолошко спротивставување на Кина
Во неодамнешната колумна во Вашингтон Пост, Бајден повтори дека ги прифаќа предизвиците од пандемијата, климатските промени и „штетните активности“ на Кина и Русија и оти „САД мора да го водат светот од позиција на сила“.