Ослободена активиска на годишнина од протестите во Хонгконг
![Ослободена активиска на годишнина од протестите во Хонгконг](https://gdb.rferl.org/C7CF43B2-7CC2-43A5-B944-4B5DF929C995_w800_h450.jpg)
По шест месеци поминати во затвор, истакнатата активистика за демократија во Хонког Агнес Чау денеска излезе од затвор на втората годишнина од почетокот на масовните протести на 12 јуни. 24 годишната Чоу пред новинарите се појави со маица на која пишувало„ Тебе ти оди толку добро“, но не сакаше да даде јавно да коментира.
Таа помина повеќе од 6 месеци во затвор поради учество на протест пред полициска станица во 2019 година, кога Пекинг воведуваше пакет законо за безбедност со кој се задира во управувачкиот и економскиот систем на Хонконг.
Таа беше осудена заедно со уште неколкумина млади организатори на протестите кои остануваат во притвор. Илјадници полицајци денеска беа во готовс да ги спречат напорите на демонстрантите да ја одбележат годишнината од уличните протести во 2019.