Ериксен останува во болница по колапсот
![Ериксен останува во болница по колапсот](https://gdb.rferl.org/c3069d5b-ec8b-4bb0-a1a0-dd01d50c9952_w800_h450.jpg)
Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен ќе остане во болницата во Копенхаген, бидејќи се опоравува откако вчера колабираше на фудбалскиот терен. Данскиот тим ги откажа сите планирани медиумски активности и го одложи тренингот планиран за денеска за да можат соиграчите на Ериксен да се соземат од вчерашниот здравствен инцидент на теренот.
Ериксен вчера колабираше на натпреварот меѓу Данска и Финска во 43-тата минута. Откако му се слоши, тим на брза помош неколку минути го реанимираше на теренот додека неговите соиграчи стоеа околу него заштитувајќи го него од јавноста, но и јавноста од таква глетка.
Ериксен стабилизиран, натпреварот меѓу Данска и Финска продолжи
Прекинат натпреварот меѓу Данска и Финска, Ериксен колабираше на терен
По 90 минутен прекин на играта, натпреварот продолжи со второто полувреме. Победник беше Финска со 1-0.