Временска прогноза-нестабилно време со пороен дожд
![Временска прогноза-нестабилно време со пороен дожд](https://gdb.rferl.org/886002E0-DA1A-47B6-9BD5-FCAD7C25C97A_w800_h450.jpg)
Денеска се очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне и до крајот на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во некои делови од земјава можно е да има и пообилен дожд за кратко време, електрични празнења и услови за појава на град.
Максималната температура ќе се движи од 21 до 30 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7. Во Скопје, облачно со сончеви периоди. Попладне и до крајот на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе достигне до 27 степени.
Утре ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика пад на дневната температура. Значително затоплување се очекува од средината на следната седмица.