Осум нови случаи на ковид 19, нема починати
![Осум нови случаи на ковид 19, нема починати](https://gdb.rferl.org/c21f0b0e-ebfb-41e6-bfe3-07dce9f893bc_w800_h450.jpg)
Во последните 24 часа се направени 3.265 тестирања, а регистрирани се 8 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје – 3, Струмица – 2, Куманово, Велес и Кичево по еден случај.
Регистрирани се 72 оздравени пациенти од: Скопје – 23, Куманово, Прилеп и Кичево– по 7, Гостивар и Охрид – по 6, Битола – 5, Тетово – 4, Радовиш – 3, Штип – 2, Струмица и Дебар по еден.
Во изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица.
Министерство за здравство- 50 отсто од луѓето над 70 години примиле барем една доза вакцина
Досега во земјата се направени вкупно 854.673 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.624, бројката на оздравени пациенти е 149.862, на починати е 5.475, а бројот на активни случаи изнесува 287.