Бислимоски – РЕК треба да ја одредува и цената на водата зашто не е под политички притисок
![Бислимоски – РЕК треба да ја одредува и цената на водата зашто не е под политички притисок](https://gdb.rferl.org/cac6b294-34ae-4951-901b-045682ff6e5b_tv_w800_h450.jpg)
Регулаторната комисија треба да ја одредува и цената на водата, затоа што ќе го релаксираме и притисокот на политиката врз работењето на овие јавни комунални претпријатија. Ние немаме никаков притисок, а членови на Советот се од различни политички партии и мнозинството секогаш се труди да донесе условно кажано популарна одлука, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.