Лани смртноста зголемена за 26 отсто во однос на 2019 година, десет отсто починале како последица од Ковид19
Бројот на починати лица лани е зголемен за 26 отсто во однос на 2019 година и изнесува 25 775 лица, покажуваат податоците на Државниот завод за стстистика. Најголем број смртни случаи – 3 847, имало во месец ноември.
Поголем број од починатите се од машки пол и тоа 13 914 или 54 проценти од вкупно умрените лица. Бројот на починати доенчиња изнесува 108 и нивното учество во вкупниот број на умрени изнесува 0,4 проценти.
Според податоците на ДЗС, просечната возраст кај починатите од машки пол изнесува 71,6 години, а кај оние од женски 75,3 години или просечната возраст на смртност кај жените е повисока за 3,7 години.
Како и минатите години, најголемо учество имаат починатите лица од болести на циркулаторниот систем, што претставува 41,6 отсто, неоплазмите со 15.2 проценти, а потоа следат умрените како последица од пандемијата на КОВИД-19 со 10,9 проценти.
Нема ни анализа, ни надзор за смртните случаи од ковид- 19
Со 5,8 проценти се застапени случаите кај кои причина за смрт се болестите на респираторниот систем, додека оние кај кои причина за смрт се ендокрините, нутритивните и метаболичните болести се застапени со 5,3 проценти од вкупно умрени, со 3,7 проценти се затапени лицата кај кои причина за смрт се болестите на нервниот систем, по што следат останатите заболувања, но со помала застапеност.