ФФМ се соочува со казна од УЕФА поради можно кршење на здравствените протоколи од македонски фудбалери
![ФФМ се соочува со казна од УЕФА поради можно кршење на здравствените протоколи од македонски фудбалери](https://gdb.rferl.org/4b427bb9-c863-4464-9960-36b26fef30b0_w800_h450.jpg)
Северна Македонија се соочува со казна од УЕФА за можно кршење на здравствените правила од страна на играчите на репрезентацијата иако веќе е елиминирана од Европското фудбалско првенство, јавува агенцијата Асошиејтед прес.
УЕФА наведува дека назначиле дисциплински истражител кој треба да провери дали имало “лошо однесување и можно прекршување“ од фудбалерите на здравствените протоколи на ЕУРО 2020. Тоа, како што јавува Асошиејтед прес, се однесува на земањето на примероци од играчите во Амстердам во саботата за задолжителни тестови за ковид19 пред почетокот на натпреварот со Холандија кој македонската репрезентација го загуби со 3-0.
Пандев се прости од репрезентацијата, која доживеа трет пораз на ЕУРО 2020
Каква било дисциплинска одлука на УЕФА ќе биде насочена кон Фудбалската федерација на Македонија, а не индивидуално, кон играчите, пишува агенцијата.
Фудбалерите се вратија, Пандев жали што не освоиле барем бод на ЕП
Инаку македонската фудбалска репрезентација вчера се врати во Скопје, по последниот натпревар во рамките на Европското фудбалско првенство на кое не успеа да обезбеди понатамошен пласман.