Пакистан осуди на смрт маж кој убил студентка што одбила предлог за брак
Суд во северозападен Пакистан му изрече смртна казна на маж поради убиството на студентка по медицина, која го одбила неговиот предлог за брак.
Асма Рани се здобила со критични рани кога била застрелана во градот Кохат во јануари 2018 година. Пред да им подлегне на повредите, таа сними видео изјава во која го именуваше својот напаѓач.
Судијата денеска главниот обвинет во случајот „Муџахид“ го прогласи за виновен за убиство и го осуди на смрт. Исто така, на обвинетиот му беше наредено да плати казна од 300.000 милиони рупии (1,9 милиони долари) и дополнителни 2 милиони рупии (12.700 долари) како компензација.
Судската седница поради безбедносни причини се одржа во централниот затвор во Пешавар.
Семејството на Рани ја известило полицијата дека Асма ги посетувала за време на пауза на сесијата кога била нападната од Муџахид, откако го одбила предлогот за брак.
Муџахид побегна во Обединетите Арапски Емирати набргу по нападот. Тој беше уапсен откако Интерпол издаде црвени известувања по барање на пакистанската влада, пред да биде екстрадиран во Пакистан во март 2018 година.
Случајот во април 2018 година беше пренесен од Кохат во Пешавар на барање на семејството на Рани, кое тврди дека обвинетиот припаѓал на влијателно семејство од Кохат.