Приведен директорот на ХРТ поради сомнение за корупција
Директорот на Хрватската национална телевизија ХРТ Казимир Бачиќ е еден од неколкумината приведени денеска во голема полициска акција во Загреб. Акцијата била предводена од Хрватската антикорупциска полиција УСКОК јавува новинската агенција Ројтерс.
Полицијата не била достапна за коментар по извршената акција. Според објавените информации на ХРТ шест лица се уапсени под сомнение за наводни коруптивни дејства за време на претходната администрација на градскиот совет во Загреб.
Новиот градоначалник на Загреб кој беше избран минатиот месец Томислав Томашевиќ потврди дека полицијата започната истрага за претходниот состав на администрацијата во градскиот совет.
“Не сакам повеќе оваа градска управа и оваа зграда да бидат симбол на нетранспарентност и сомнежи за корупција. Во таа смисла ќе направиме се што е можно за тоа конечно да се расчисти“ изјавил Томашевиќ денеска пред медиумите.
Тој потврди дека во општинската зграда се уште се во тек полициски претреси и дека меѓу приведените се и шефицата на стручната служба на кабинетот на претходниот градоначалник и неговиот возач. Томашевиќ најави и ревизија на работата на претходниот градоначалник особено во начинот на кој биле доделувани концесии за употреба и продажба на јавните површини во Загреб