Вакцинирани над 540 илјади граѓани, ревакцина примиле повеќе од 220 илјади
Министерството за здравство информира дека во државата до вчера вкупно се аплицирани 542.699 дози вакцини, а ревакцинирани се 220.884 граѓани.
На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера биле вакцинирани вкупно 321.815 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 11.220 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.994 граѓани.
Со последните бројки, 52 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 49 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 43 % од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Шест случаи на ковид 19, нема починати лица
Министерството за здравство информира дека интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 469.212 граѓани.