Времето денеска многу топло, температурата до 43 степени
![Времето денеска многу топло, температурата до 43 степени](https://gdb.rferl.org/db932e27-e39d-4a4b-82f5-0f1820a87eb3_cx0_cy10_cw0_w800_h450.jpg)
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе се движи од 14 до 23, а максималната од 35 до 43 степени. УВ индексот 9.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде 20, а максималната ќе достигне до 42 степена.
Во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно и многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината. Максималните температурни вредности вдолж Повардарието за 2 до 3 степени ќе го надминуваат 40 степени. И во наредните денови насекаде ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури.