Расте бројот на новозаразени со ковид19 во регионот
Во Грција денеска се регистрирани 3.493 нови случаи на Ковид-19, починаа 24 лица, 235 се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега во грчките болници, а хоспитализирани 255 лица, 27,5 отсто повеќе од вчера. Од новите случаи, 12 се увезени, а најголемиот број, односно 927 се во Атика, поширокиот регион на Атина, 441 на Крит и 316 во Солун. Во Србија регистрирани се 1.072 нови случаи, а шест лица починаа како резултат на инфекцијата. Во болниците има 831 лице, а 25 лице се наоѓаат на апарати за дишење. Читать дальше...