Њујорк ќе бара доказ за вакцинација за активности во затворени објекти
![Њујорк ќе бара доказ за вакцинација за активности во затворени објекти](https://gdb.rferl.org/5D3F862E-C362-4A4B-8EE7-F8ED0F1FEC18_w800_h450.jpg)
Њујорк ќе бара доказ за вакцинација против Ковид-19 за активности во затворен простор, што го прави првиот голем град во САД што воведува ваква мерка. Новото барање, објавено од градоначалникот Бил де Бласио ќе влијае врз способноста на луѓето да вечераат во затворен простор во ресторан, да одат во бар, да гледаат претстава или да одат во фитенс центри.
„Единствениот начин за да ги посетувате установите во затворен простор ќе биде ако сте вакцинирани. Ако сте вакцинирани ... го имате клучот, можете да ја отворите вратата. Но, ако сте невакцинирани, за жал, нема да можете да учествувате на многу работи“, рече де Бласио.
Бајден размислува за задолжително вакцинирање на федералните вработени
Политиката ќе се спроведува етапно во текот на август и септември. Околу 66 проценти од возрасните лица во Њујорк се целосно вакцинирани. Објавата доаѓа во услови кога американските здравствени власти ги повикуваат луѓето да се вакцинираат и повторно да носат маски за лице во затворени простории во повеќето делови на земјата, бидејќи Делта варијантата ги зголемува инфекциите.