Временска прогноза - Сончево и топло со температура до 38 степени
![Временска прогноза - Сончево и топло со температура до 38 степени](https://gdb.rferl.org/e1affc0f-121d-43bd-8ec6-869859ed9e4f_w800_h450.jpg)
Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. УВ индексот ќе изнесува 9.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 36 степени.
Портокалов аларм во следните два дена
Наредните денови следува период на стабилно, сончево и топло време. Особено топло ќе биде в понеделник и вторник кога максималната температура повторно ќе го достигне до 40-тиот степен.