Премиерот го прекина одморот и објави слики од Будинарци
![Премиерот го прекина одморот и објави слики од Будинарци](https://gdb.rferl.org/f50e9f0d-9f3c-4166-9611-51fc6b66236e_w800_h450.jpg)
Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил објави фотографии од посета на беровското село Будинарци во чија близина има пожар. На фотографиите тој е во придружба на министрите за здравство Венко Филипче и за одбрана – Радмила Шекеринска, како и директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.
Како што вчера соопшти Владата, премиерот Заев требаше да биде на годишен одмор до 12 август. Во соопштението се наведува дека и дел министри се на одмор.
„Шумите лесно се палат, а тешко се гасат – порачувам да внимаваме сите, да ја ставиме безбедноста на прво место и да ги спречиме сите ризици кои може да предизвикаат пожар“, објави премиерот Зоран Заев на својот профил на Фејсбук.
Заев и дел министри на одмор до 12 август
Заев во објавата им се заблагодарува за помошна што ја даваат во гаснењето пожари на Србија, Словенија, Австрија, Бугарија, како и за двата авиони кои пристигнуваат од Романија.