Нема место за култура во земја во која партиските определби ја обликуваат сцената
![Нема место за култура во земја во која партиските определби ја обликуваат сцената](https://gdb.rferl.org/18a8ac50-0919-4f25-9b45-57212c613f56_tv_w800_h450.jpg)
Културата нема да престане да биде монета за поткусурување сè додека политиката и партиите се во сите пори на општеството. Сè додека се добиваат проекти и позиции по партиска заслужност, сè додека постојат црни листи не можеме ни да зборуваме за уметност, вели за РСЕ Дарија Андовска, уметник.