Саудиска Арабија им плаќа на семејствата на здравствените работници кои починале од ковид
Саудиска Арабија почна да исплаќа по половина милион саудиски ријали (околу 133 000 американски долари) на семејствата на секој здравствен работник кој починал во борбата со пандемијата на коронавирусот. Во соопштението владата наведува дека парите ќе ги добијат семејствата на сите здравствените работници кои починале во битката со пандемијата без разлика дали се од јавното, военото или приватното здравство и без разлика на тоа дали се Саудијци или не.
Саудиска Арабија го ограничува годинашниот аџилак на 60.000 вакцинирани посетители
Државната агенција СПА наведува дека тие ги дале своите животи во борбата со пандемијата за да го зачуваат здравјето и безбедноста на граѓаните на кралството. Во земјата досега се регистрирани 8320 починати од коронавирусот, но, Министерството за здравство јавно нема објавено колку од нив се здравствени работници.