Оставка на гувернерот на Њујорк поради обвинувања за сексуално вознемирување
![Оставка на гувернерот на Њујорк поради обвинувања за сексуално вознемирување](https://gdb.rferl.org/98ab1433-9ea9-4224-a8ee-2ea7271caf56_w800_h450.jpg)
Гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо денеска поднесе оставка, по извештајот на њујоршкиот државниот обвинител во кој е утврдено дека сексуално малтретирал 11 жени, пренесува Ројтерс.
Куомо, на кој ова му е трет мандат како гувернер, поднесе оставка во време на засилени барања во Парламентот во Њујорк тој да биде отповикан.
Јавна исповест на жената која го обвини гувернерот Куомо
Државната обвинителка Летиша Џејмс на почетокот на август изјави дека гувернерот ги прекршил државните и федералните закони.
Куомо негираше дека допрел некого несоодветно.
Петмесечната истрага покажала дека Куомо сексуално малтретирал 11 жени, кршејќи ги федералните и државните закони и создавајќи „клима на страв“ во неговата канцеларија, изјави обвинителката Џејмс.
Независна истрага покажа дека Куомо се занимавал со несакани допири и дека давал несоодветни коментари, рече обвинителката на брифинг со новинарите.
Таа додаде дека канцеларијата на демократскиот гувернер станала „токсично работно место“ што овозможило „малтретирање“.