Активни десетина пожари, под контрола огнот во пехчевско-беровскиот регион
Пожарот во пехчевско-беровскиот регион е ставен под контрола, но уште гори и во кумановскиот и прилепскиот регион, според состојбата со пожарите до 16 часот како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Според ЦУК, локализиран е пожарот во селото Разловци во делчевскиот регион, но и оној кај селото Герман во Крива Паланка.
Пожарот во Сарај, кај селата Раовиќ и Буковиќ е се уште активен, а пожари има во Чучер Сандево во Скопје кај селото Побожје, каде се запалени три куќи.
На лице место е ППБ на град Скопје. Активен е пожарот во Петровец во село Дивље во местото викано Крушје, но со намален интензитет. И таму се уште на терен се претставници од АРМ, ППБ од Град Скоопје и месно население.
Раководителката на секторот за операции и координација при ЦУК Марија Милкова, информира дека за кратко време ќе дознаат каква е состојбата и од што е предизвикан за изгорување на овие три куќи.
Во гасењето на пожарите се вклучиле 1500 припадници на Армијата
Активен е пожарот и во Агино село, кој избувна околу 12.30 часот. Како што информира Милкова, таму гореше сува трева и стрништето. На терен се преставници од Противпожарната Бригада од Куамново, претставници од бригадата на Град Скопје, месното население.
Од 15 часот повторно е активен и пожарот кај Македонски Брод, кај селото Слатина. На терен се претставници од ТППЕ Македонски Брод, од МВР, месно население. Патниот правец Македонски Брод кон Самоков во моментов е во прекин.
Пожар со помал интензитет има и во прилепскиот регион кај селото Средорек, меѓутоа како што рече Милкова, тој се држи под контрола и се надеваат дека за кратко време истиот ќе биде локализиран.