Австриски пожарникар префрлен на клиника откако се повредил во кампот кај Пехчево
Пожарникар од австрискиот камп стациониран кај Пехчево утрово се повредил и во моментов се наоѓа на скопска клиника каде му се укажува помош.
„Нашиот колега од Австрија се повредил во самиот камп. Имал повреда на грбот“, информираа од противпожарната единица од Берово.
Австриските пожарникари и денеска се на најкритичното подрачје во село Митрашинци, каде што заедно со колегите од Словенија и Бугарија го контролираат пожарот кој неколку дена прави проблеми во Беровскиот регион.