Меси постигна двегодишен договор со ПСЖ
Лионел Меси се согласи да се приклучи на францускиот клуб Париз Сен Жермен (ПСЖ), по неговото ненадејно заминување од Барселона, потврди денеска неговиот татко.
Би-Би-Си јавува дека фудбалерот договорил двегодишен договор со ПСЖ. Договорот, кој може да се продолжи и до три години, подложи на лекарски преглед.
Новинарите на Ројтерс го видоа Меси и неговиот татко Хорхе како пристигнуваат на аеродромот во Барселона, откако францускиот весник „Л’Екип“ и шпанскиот весник „Мундо Депортиво“ објавија дека аргентинскиот играч постигнал двегодишен договор со ПСЖ.
На новинарско прашање на аеродромот дали неговиот син ќе потпише за ПСЖ, Хорхе Меси одговори: „Да“.
Дестинацијата на авионот во кој лета 34-годишниот Меси не е веднаш потврдена, но се очекува фудбалерот да пристигне во францускиот главен град подоцна на 10 август.
Меси се етаблираше како еден од најголемите фудбалери на сите времињ за време на неговата успешна кариера во Барселона, клубот во кој се приклучи уште како ученик.
Вембли - Кратка сторија за една долга историја
Шесткратниот освојувач на Златната топка плачеше на 8 август додека се збогуваше со тимот, откако клубот соопшти дека повеќе не може да си дозволи да го задржи поради правилата за фер-плеј на Ла Лига.
Меси ќе го засили тимот на ПСЖ. Неговиот поранешен соиграч во Барселона, Нејмар и младиот француски напаѓач Килијан Мбапе веќе се дел од клубот и се смета дека се меѓу најдобрите играчи во светот.
Но, доаѓањето на Меси, најдобриот стрелец на Барселона на сите времиња со 682 гола, ќе ги зголеми амбициите на клубот да ја освои првата титула во Лигата на шампионите.
Меси е последниот голем фудбалер кој ова лето пристигна во ПСЖ преку бесплатен трансфер, откако тимот на тренерот Маурицио Покетино потпиша и со шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос откако тој го напушти Реал Мадрид.
Холандскиот играч од средниот ред Георгинио Вајналдум исто така се приклучи во ПСЖ, откако го раскина договорот со Ливерпул.