Орден за воени заслуги за сите македонски мировници кои беа во Авганистан
Безмалку 20 години, македонските мировници му помагаа на народот на Авганистан да живее во постабилно опкружување и сето тоа без ниту една жртва од нашите мировници. За професионалноста на нашите војници, нивната храброст и посветеност многумина беа одликувани со високи воени и цивилни почести од претставници на членките на Северноатлантската алијанса.
Во гасењето на пожарите се вклучиле 1500 припадници на Армијата
Ужасните слики кои доаѓаат од таа земја последниве денови не беа можни додека нашите војници заедно со 130.000 мировници од 50 држави од светот беа таму. Затоа донесов одлука да ги одликувам со Орден за воени заслуги сите припадници на Армијата кои беа во мисијата во Авганистан во изминатите две децении. Нашите војници тоа го заслужија.
Ова денеска го истакна претседателот и врховен командант Стево Пендаровски на одбележување на Денот на Армијата – 18 Август. На свеченоста присуствуваа премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, началникот на ГШ, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, министри во Владата, генерали и дипломатскиот кор во земјава.
Собранието во август 2002 со целосен консензус на сите политички субјекти ја донесе првата Одлука за наше учество во меѓународната мисија ИСАФ во. Во текот на овие 19 години, над 3.300 припадници на Армијата учествуваа во оваа исклучително сложена меѓународна мисија во Авганистан. Првата ротација ја започнавме како кандидат, а последната ја завршивме како членка на НАТО, нагласи Пендаровски.
Според шефот на државата, без учество во мисијата во Авганистан немаше да станеме членки на НАТО алијансата.