Грција ѝ донираше 200 илјади вакцини на Либија
Со специјален лет со авион на военото воздухопловство на Грција, од Атина во Триполи пристигнаа 200 илјади вакцини донација од грчката за либиската Влада, а како што соопштија од грчкото МНР, Грција е прва земја што донира вакцини за Либија.
На манифестацијата на аеродромот во Триполи, грчката Влада ја претставуваа генералниот секретар за меѓународни економски односи од Министерството за надворешни работи на Грција, Јоанис Смирлис и генералниот секретар од Министерството за здравство Мариос Темистоклеус, а вакцините му беа предадени на заменик-министерот за надворешни работи на Либија Омар Мохамед Салех.
Илузорно е да се очекува 80 отсто од населението да се вакцинира
Од грчкото МНР соопштуваат дека Смирилис ја истакнал подготвеноста на Грција да ѝ помогне на Либија како со вакцини така и со други средства неопходни за справување со пандемијата и дека донацијата следува по посетата на Триполи и Бенгази на заменик-министерот за надворешни работи на Грција и генералниот секретар на почетокот на јули.
Тие додаваат дека за следниот период е планирано организирање на бизнис делегација и учество со национален штанд за градежни материјали и храна „како практичен доказ за политичката и економската важност што Грција ја придава на развојот на одличните билатерални односи на сите нивоа“.