Авганистанскиот претседател Гани и неговата фамилија се во Обединетите Арапски Емирати
![Авганистанскиот претседател Гани и неговата фамилија се во Обединетите Арапски Емирати](https://gdb.rferl.org/0d8bea83-eaaf-4edb-83d3-e38fa1d515a5_w800_h450.jpg)
Претседателот Ашраф Гани кој го напушти Авганистан откако талибанците го заземаа Кабул викендов е во Обединетите Арапски Емирати со неговото семејство. Министерството за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати во денешното соопштение наведува дека тој пристигнал во нивната земја, со што се завршија неколкудневните шпекулации за тоа каде се наоѓа Гани. Во соопштението нема други детали.
Истрели во Кабул, талибанците растурија протест во Џалалабад
Гани ја напушти земјата на 15 август кога талибанците беа блиску до главниот град и пред да ја заземат претседателската палата по што прогласија национална победа.
"Талибанците победија пресудувајќи со нивните мечови и пиштоли и сега тие се одговорни за одржување на честа, имотот и нивните жители“ напиша Гани во соопштението откако ја напушти земјата.