ЦУК- активни пожарите кај Раовиќ и Ракле, локализиран над Патишка река
![ЦУК- активни пожарите кај Раовиќ и Ракле, локализиран над Патишка река](https://gdb.rferl.org/eefe6f2b-b3ad-42f4-bd7f-8443962c23f6_w800_h450.jpg)
Пожарот кај село Раовиќ и Буковиќ (Сарај) е на недостапен терен кон сртот на планината Осој. Се уште гори нискостеблеста мешана и деградирана шума. На терен се војници и екипите од Дирекцијата за заштита и спасување, информираа од Центарот за управување со кризи. Од таму додаваат дека пожарот во атарот на Ракле – Никодин – Топлица е со слаб инетнзитет, на непристапен терен.
„Пожарот на планината Готен кај село Нивичино место викано Калинско присое-стара беровска сеча е локализиран од Струмичкиот дел. Се прават пресеки и расчистување на лиснаста маса, во внатрешноста на пожарот горат стари трупци кои се префрлени во средина да догорат“, посочуваат од ЦУК.
Пожарот кој е лоциран на месноста викана Рада, над селото Патишка Река е локализиран, но има ветер и не делува врз него и не го проширува во моментов. На лице место има пет лица од ловиште Јасен кои ја следат ситуацијата.