Наместо во изолација, полицијата нашла две тетовки во кафеана
Тетовската полиција открила дека две женски лица не ги почитувале решенијата за изолација да бидат дома и заминале во угостителски објекти. Тие се откриени вчера во рамки на редовните контроли за почитувањето на решенијата од Државен санитарен и здравствен инспекторат за изолација дома.
„Било утврдено дека две женски лица од Тетово на возраст од 20 и 51 година, со решенија за изолација, при контролата не се наоѓале во нивниoт дом, туку во угостителски објект, додека едно машко лице од тетовска Мала Речица на возраст од 27 години ја напуштило земјата. И против овие лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ согласно член 206 од Кривичниот законик“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Анти ковид мерки - едни се жалат, други ќе протестираат
Секторот за внатрешни работи Тетово потсетува дека самостојно или во координација со Државниот пазарен инспекторат ќе продолжи и со контролни активности во угостителски и други објекти, како и колку тие ги почитуваат владините мерки и протоколи за спречување на ширењето на „ковид -19“.