ЦУК- активни се четири пожари
![ЦУК- активни се четири пожари](https://gdb.rferl.org/74f95f2a-6d58-4aaa-8e82-b0f8eaa66246_w800_h450.jpg)
Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека активни се четири пожари во земјава. Како што рече Надица Вчкова од ЦУК активни се пожарите кај селата Раовиќ и Буковиќ во општина Сарај, на недостапен терен кон сртот на планината Осој, се уште е активен пожарот во атарот на селата Ракле, Никодин и Топлица во општина Прилеп, но засега нема опасност од проширување.
Повторно е активиран пожарот на планината Готен кај село Нивичино, место викано Калинско. Вчкова информираше дека се уште е активен пожарот во селата Куново, Којково и Луково во Кратовско.