Заедничка акција на САД и Литванија против кинескиот притисок за Тајван
![Заедничка акција на САД и Литванија против кинескиот притисок за Тајван](https://gdb.rferl.org/035da9ce-741c-4011-9459-b79e2011000d_w800_h450.jpg)
САД и Литванија се согласија за „билатерална координирана акција“ за да ѝ помогнат на балтичката држава да се справи со притисокот од Кина, поради нејзината одлука за развој на врските со Тајван.
Договорот е постигнат за време на разговорите на 21 август меѓу американскиот државен секретар Антони Блинкен и министерот за надворешни работи на Литванија.
Кина на 10 август побара Литванија да го повлече својот амбасадор во Пекинг и рече дека ќе го отповика кинескиот пратеник во Вилнус, по спорот кој настана откако балтичката држава му дозволи на Тајван де факто да отвори амбасада во земјата користејќи го своето име.
Ја изгуби ли ЕУ битката со Кина и Русија за Балканот?
Блинкен и Габриелиус Ландсбергис се согласија дека „едностраните агресивни дејствија и политичкиот притисок на Кина врз Литванија“ се тотално неприфатливи, се вели во денешното соопштение објавено од литванското Министерство за надворешни работи.
Во соопштението не се наведени детали за договорената билатерална акција.
Во одделна изјава, Стејт департментот на САД соопшти дека секретарот Блинкен „ја истакна железната американска солидарност со нашиот сојузник во НАТО и партнерот во ЕУ, Литванија, пред насилното однесување на Народна Република Кина“.
Кина смета дека демократски управуваниот Тајван е нејзина суверена територија. Соединетите држави се најсилниот меѓународен поддржувач на Тајван и негов главен снабдувач на оружје.