Јанев - Ќе им дадеме азил на 70 авганистански државјани
Ќе поддржиме и ќе дозволиме влез во нашата земја на 70 авганистански државјани заедно со нивните семејства, изјави времениот бугарски премиер Стефан Јанев по состанокот на Советот на министри.
Македонија ќе преземе 650 жители на Авганистан, се утврдуваат деталите
Тој истакна дека „тие граѓани работеле во бугарската амбасада во Кабул, заедно со бугарските контингенти на терен“.
По повлекувањето на странските сили, талибанците влегоа во Кабул на 15 август. Илјадници Авганистанци, во страв за сопствениот живот, избегаа или се трудат да го напуштат Авганистан.