Околу 65 отсто од персоналот во градинките е вакциниран
![Околу 65 отсто од персоналот во градинките е вакциниран](https://gdb.rferl.org/6BAD1355-848A-4E83-A8CE-ADDE126B3A9F_w800_h450.jpg)
Досега се вакцинирани околу 65 отсто од вработените во градинките, рече денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. Таа вели дека градинките се подготвени да продолжат со работа по протоколите за заштита од ковид-19 и дека тие работат според ковид протоколи уште од минатата година.
Шахпаска- вакцинирани 59 отсто од вработените во градинките
„Со доследно почитување на протоколите коишто се напишани во соработка со здравствените власти овозможивме градинките да бидат место на безбеден престој на децата, вирусот немаше трансмисија од дете на дете и навремено се реагираше за сите позитивни вработени или дечиња коишто го носеа вирусот од дома“, рече Шахпаска, која денеска во Струмица направи увид во градежните работи на две нови градинки.
Таа апелираше сите работени во градинките да се вакцинираат и да се зголеми опфатот за уште побезбедно функционирање на градинките.