Во Врање се вакцинирале над 13 илјади македонски државјани
Вкупно 13 300 македонски граѓани добиле вакцина во српскиот вакцинален пункт во спортската сала во Врање, покажуваат податоците на Здравствениот центар Врање. Во таа сала од почетокот на масовната имунизација до сега се вакцинирале речиси 84 илјади луѓе. Според нивните податоци во Врање прва доза вакцина примиле 13 300 Македонци, а 29 510 Срби.
Што се однесува до втората доза, на македонските државјани дадени им се 11.106 дози, на српските државјани 28.583 дози. Трета доза на некои од вакцините, досега се дадени вкупно на 1.267 лица.
Во Врање вакцинирани 12 илјади Македонци, од кои околу 9 илјади целосно
Ако се земат предвид вкупните бројки, најчесто е аплицирана кинеска вакцина Синофарм – вкупно 52.956 пати за сите три дози. Втора на листата е Фајзер со апилицирани 23.825 вакцини. Рускиот Спутник В даден е во 6.292 дози а Астра Зенека која не беше достапна долго време, аплицирана е во вкупно 932 случаи
Македонските граѓани се уште може да примат вакцина во Врање. Вчера 17 Македонци ја примиле првата доза од некои од достапните вакцини, а втора доза примиле 16 македонски државјани.