СЗО: зголемена е трансмисијата и смртноста од ковид, намалена е вакцинацијата
Светската здравствена организација денеска соопшти дека минатата недела се регистрирани 11 отсто повеќе смртни случаи од Ковид19 во Европа, а дека вакцинацијата стагнира во посиромашните земји. Во Европа досега се регистрирани околу 1.3 милиони починати од Ковид.
ЕУ ќе ги тргне САД од листата ковид безбедни земји
Регионалниот директор на СЗО за Европа Ханс Клуге рече дека од 53 земји членки на организацијата во 33 е регистрирана иниденца над 10 во последните две недели. Високата стапка на трансмисија на вирусот на континентот е сериозно загрижувачка особено во светло на ниската стапка на вакцинација кај приоритетното население во дел од земјите, оценуваат од СЗО.
"Во последните шест недели таа падна за 14 отсто поради слаб пристап до вакцини во некои земји и неприфакање на вакцинацијата од населението во други“, рече Клуге.
Тој додаде дека само шест проценти од населението е вакцинирано со две дози во земјите со низок и со среден приход во Европа, а во некои земји се вакцинирани само еден од десет здравствени работници.