ЕУ ја оствари целта – целосно вакцинирани 70 отсто од возрасните
ЕУ денеска ја достигна целта до крај на летото 70 отсто од возрасните жители на Унијата да бидат целосно вакцинирани против коронавирус. Во Унијата сега се целосно вакцинирани над 256 милиони полнолетни граѓани, соопшти Европската комисија.
Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен истакна дека тоа е големо достигнување, предупредувајќи дека пандемијата не е готова и ги повика сите кои можат да се вакцинираат. Таа исто така рече дека ЕУ треба да му помогне на светот во вакцинацијата, истакнувајќи дека Унијата ќе продолжи да ги поддржува своите партнери на тој план, особено земјите со ниски или средни приходи.
Во соопштението на Европската комисија се наведува дека преку пакетот Тим Европа за механизмот Ковакс се дадени скоро 3 милијарди евра за да се обезбедат најмалку 1,8 милијарди дози вакцина за 92 земји со ниски или средни приходи.
СЗО стравува дека до декември во Европа ќе умрат уште 236 илјади луѓе од коронавирус
Досега, преку Ковакс механизмот се испорачани 200 милиони дози во 138 земји.
Еврокомесарката за здравје и безбедност на храната Стела Киријакидер рече дека ќе продолжат напорите за зголемување на стапката на вакцинација во ЕУ, особено во членките кои се соочуваат со предизвици по однос на тоа прашање.