Во Иран ќе им се суди на затворски чувари
Судот во Иран соопшти дека наскоро почнува рочиштето во кое ќе им се суди на шест затворски чувари од озогласениот затвор Евин во Техеран. Тие се обвинети поради протекување во јавноста на видеа на кои се гледа како затворските чувари малтретираат затвореници, за кои активистите за човекови права велат дека нудат редок приказ на суровоста што редовно се случува со затворениците во земјата.
Судскиот портпарол соопшти дека на четворија од шестемина ќе им се суди во Воен суд затоа што се припадници на армијата, додека другите двајца се дел од затворскиот персонал.
До ова доаѓа откако хакерска група која се нарекува Едалат е Али (Правдата на Али) на почетокот на месецов сподели со иранскиот сервис на Радио Слободна Европа- Радио Фарда и неколку други медиуми видеа на кои се гледаат како чувари во затворот Евин каде најчесто се притворени политички затвореници тепаат затвореници и влечат затвореник на подот. Видеата се снимени со надзорните камери во затворот.
Светската организација Амнести Интернешнл соопшти дека анализирала вкупно 16 протечени видео клипови кои „нудат шокантни визуелни докази за тепање, сексуално вознемирување и намерно занемарување и малтретирање на оние на кои им е потребна медицинска нега“.
Во соопштението на организацијата за заштита на човекови права е наведено дека видеата ја потврдуваат загриженоста за хроничната пренатрупаност во затворските ќелии и самици во сурови и нехумани затворски услови.
„За жал, злоупотребата прикажана во овие протечени видео клипови е само врвот на ледениот брег на епидемијата на тортура во Иран“, изјави Хеба Морајеф, регионален директор за Блискиот Исток и Северна Африка во Амнести Интернешнл.
Иран и САД преговараат за размена на затвореници
Организацијата „Хјуман рајтс воч“ соопшти дека хакираните видеа ги потврдуваат прекршувањата на човековите права и тортура во затворите кои со децении ги документираат невладините организации.
Иранските власти ги отфрлаат критиките за наводното малтретирање на затворениците во затворот Евин во северен Техеран. Од друга страна пак, директорот на Затворската управа во Иран Мохамед Мехди Хајмохамади, се извини за „неприфатливото однесување“ во затворот и се обврза, како што вели, „да се обиде да спречи какво било повторување на овие горчливи настани и сериозно да се справи со престапниците