Ураганот Ида „отвори дупка“ на автопат во Мисисипи, две лица загинати
Најмалку две лица загинаа, а десетина други се повредени откако нивните возила пропаднале во длабока дупка, која настанала на автопатот во Мисисипи по невремето предизвикано од ураганот Ида кое го зафати тој регион. Дупката која настанала по невремето е долга околу 15 до 18 метри и е длабока од 6 до 9 метри.
„Поројниот дожд најверојатно беше причината за колапсот, по што возачите можеби не виделе дека коловозот исчезнал пред нив“, изјави полицискиот службеник, Кал Робертсон.
Седумте возила кои пропаднале во дупката биле наредени еден врз друг, објасни тој. За нивни отстранување било користено кран. Локалните медиуми јавуваат дека војници и спасувачки тимови се уште се на терен при што утврдиле дека источната и западната страна на автопатот се сериозно оштетени.
Според податоците на американскиот Оддел за транспорт во Мисисипи, на тој автопат со две ленти дневно во просек возат помеѓу 3.100 и 5.700 возила.
Над милион домови без струја откако ураганот Ида ја погоди Луизијана
Ураганот Ида кој беше од 4 категорија со ветрови со брзина до 240 километри на час, откинувајќи покриви и уривајќи далноводите се приближи кон брегот во неделата. Тој претставува еден од најсилните урагани што некогаш го погодил тој регион, јавува новинската агенција Асошиетет Прес. Спасувачките екипи извлекоа стотици луѓе од надојдената вода на 30 август, откако ураганот Ида ја погоди американската држава Луизијана, оставајќи пустош