Беса Транс нудела туристички тури пред да добие лиценца за туризам
![Беса Транс нудела туристички тури пред да добие лиценца за туризам](https://gdb.rferl.org/0bd80000-0aff-0242-35cd-08d9ae90a23e_w800_h450.jpg)
Компанијата Беса Транс организирала туристички аранжмани во периоди кога за тоа немала лиценца, покажуваат понудите на нејзината веб страна. Според податоците од министерството за економија, лиценца за туристичка дејност добила во декември 2020 година, но една од понудите датира од мај 2019-та.