Мы в Telegram
Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Декабрь
2021

Новости за 23.12.2021

Пендаровски- ми треба уште еден допис за тоа на кого да му дадам мандат

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на државата Стево Пендаровски очекува предавањето на мандатот на новиот мандатар да се случи следниот вторник или среда. Тој вечерва изјави дека до него е стигнат дописот од Собранието за оставката на Заев, но рече дека му е потребен уште еден допис од партијата која има мнозинство за да може да го даде мандатот. “Денеска попладне до мојот Кабинет стигна допис од спикерот Талат Џафери дека Заев поднел оставка и цела влада е во оставка. Откако јас го добивам известувањето почнуваат... Читать дальше...

Во Србија регистриран прв случај на заразен со сојот омикрон

SlobodnaEvropa.mk 

Новата варијанта на коронавирусот – омикрон е потврдена денеска во Србија, изјави професорката на Медицинскиот факултет и член на Кризниот штаб, Тања Јовановиќ. „Новиот вид на коронавирус е потврден кај жена која дошла од Боцвана. Таа била негативна при влезот во Србија. Пациентот беше во изолација. Земени се контролни примероци и еден е позитивен“, објасни Јовановиќ, додавајќи дека засега нема причина за паника и дека се следи и контролира ситуацијата. Србија е 64-та земја во која е регистриран новиот сој. Читать дальше...

САД- агресијата на Кремљ кон Украина ќе донесе повеќе сили на НАТО до Русија

SlobodnaEvropa.mk 

Соединетите Американски Држави соопштија дека рускиот упад во Украина ќе го принуди НАТО да ја зголеми помошта за Киев и да донесе повеќе сили поблиску до Москва. „Доколку Русија продолжи со она што можеби е во тек, ние и нашите сојузници сме подготвени да наметнеме висока цена што би ја оштетила руската економија и ќе го донесат токму она што таа вели дека не го сака- повеќе капацитети на НАТО, а не помалку и поблиску до Русија, а не подалеку “, рече висок претставник на американската администрација на брифингот на 23 декември. Читать дальше...



Запира проектот на рудникот на Рио Тинто во Србија

SlobodnaEvropa.mk 

Рио Сава планира да го запре проектот Јадар, изјави Весна Продановиќ, извршната директорка на компанијата која е подружница на британско-австралискиот рударски гигант Рио Тинто кој планираше да експлоатира литиум во Србија. Таа за агенцијата Бета изјави дека тоа ќе се направи за да се почне јавен дијалог со кој жителите би се запознале со сите аспекти на проектот. „Проектот Јадар е планиран во законски рамки, но нема да се преземат чекори кои дополнително може да ги загрижат жителите“, рече Продановиќ. Читать дальше...

Допинисник на РСЕ во Белорусија задржан од маскирани лица

SlobodnaEvropa.mk 

Алех Хрузџилович, дописник на белорускиот сервис на Радио Слободна Европа бил фатен и задржан од маскирани лица кои упаднале во неговиот дом во Минск, објави организација за човекови права. Засега нема други информации по денешната објава на организацијата „Вјасна“ (Пролет) која има седиште во главниот град на Белорусија Минск. Извештајот за киднапирањето на Хрузџилович доаѓа веднаш откако Белоруското Министерство за внатрешни работи, исто така денеска, го додаде белорускиот сервис на РСЕ, локално познато како Радио Свабода... Читать дальше...

Професор со метален предмет повредил ученик во Струга

SlobodnaEvropa.mk 

Професор со метален предмет денеска околу 13.30 часот повредил ученик во средното училиште „Ибраим Темо“ во Струга. Ученикот бил примен на Хируршкото одделение со повреда на главата, потврди директорот на струшката болница Арменд Арслани. „Од одделението за Хирургија ме известија дека во 13.45 часот е примено дете со повреда на главата. Извршено е шиење и детето е пуштено на домашно лекување“, изјави Арслани за МИА. Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, полицијата го привела сторителот, 57-годишен стружанец. Читать дальше...

Путин бара Западот веднаш да обезбеди безбедносни гаранции на Русија

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Москва ја одржа својата редовна годишна прес конференција. Тој рече дека постои надеж во однос на претстојните разговори со САД и побара од Западот веднаш да ѝ обезбеди безбедносни гаранции на Русија.

Судски совет- судската власт е независна и самостојна

SlobodnaEvropa.mk 

Во однос на одлуката на Кривичниот совет од Апелациониот суд Скопје за притворот на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, Судскиот совет наведуваат дека судската власт е независна и самостојна, а Советот е орган кој постапува исклучиво според закон и не делува под политички влијанија, а истото се однесува и за работата на судиите. „Оттаму, врз основа на надлежностите, сите алатки кои Советот ги има на располагање во оваа фаза, а со оглед дека судскиот предмет е активен, остануваат интерни за Советот. Читать дальше...



Портпаролите на ВМРО-ДПМНЕ се повлекоа од номинациите за членови во управни одбори

SlobodnaEvropa.mk 

Тројцата портпароли на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, Димче Арсовски и Марија Митева кои беа предложени за членови на управни одбори на скопски јавни претпријатија попладнево соопштија дека се откажуваат од номинациите. Стоилковски беше предложен за член на управниот одбор на Јавното сообраќајно претпријатие, а Арсовски и Митева за членови на Водовод и канализација. За предлог-одлуката за именување на нови членови потпишана од група советници требаше да се гласа на седницата на Советот на Град Скопје која е закажана за во среда. Читать дальше...

Претседателот Пендаровски го примил известувањето за оставката на Заев

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот Стево Пендаровски прими формално известување од Собранието дека е констатирана оставката на премиерот Зоран Заев, која повлекува оставка на целата Влада, информираат за МИА од Кабинетот на шефот на државата. Собранието на Република Северна Македонија денеска на седница ја констатира оставката на премиерот Зоран Заев. Констатирана оставката на Заев, течат роковите за нова Влада Откако известувањето за оставката е доставено до Кабинетот на Пендаровски, според член 90 од Уставот... Читать дальше...

Додик - Можен распад на БиХ доколку не се реши кризата

SlobodnaEvropa.mk 

Ако оваа криза не се реши, можен е распад на Босна и Херцеговина и Република Српска и никој не треба да се сомнева во тоа, изјави денеска Милорад Додик - член на Претседателството на БиХ.  Тој на прес-конференција во источно Сараево оцени дека ситуацијата во БиХ е „доведена до апсурд“ и ја повика Европската унија „да престане да ја смета БиХ за експеримент“. „Два од трите конститутивни народи не го поддржуваат патот по кој оди БиХ на начинот на кој муслиманите во БиХ го замислиле, во кој Хрватите би ги избирале „нивните“ претставници... Читать дальше...

269 позитивни на коронавирус, 7 починати во последните 24 часа

SlobodnaEvropa.mk 

Во изминатото деноноќие се регистрирани 269 нови случаи на коронавирус, а 7 луѓее починале сите во болнички услови, соопшти Министерството за здравство. Дополнително пријавени се уште 8 починати лица во Регистарот од Мој Термин во период од 29 ноември до 19 декември.   Направени се 3.449 тестирања во изминатите 24 часа. Најмногу нови случаи има во Скопје – 142, Битола 17, Охрид 16, Кавадарци и Струмица по 14, Прилеп 13... СЗО: Ниту една земја не може да излезе од пандемија со дополнителни дози... Читать дальше...

Претставен законот за легализација на дивоградби

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и министерот за животна средина Насер Нуредини денеска на прес-конференција го презентираа Предлог-законот за регулирање на статусот на бесправно изградени објекти, кој предвидува можност за легализација на дивоградби изградени пред 1 јануари 2021 година. Нуредини рече дека со предлог-законот Владата предвидува дека нема да бидат легализирани сите видови на дивоградби изградени во рамки на заштитените подрачја. „Истото е предвидено за сите видови... Читать дальше...

Сатлер - Постои можност за реакција на ЕУ за блокадата на институциите во БиХ

SlobodnaEvropa.mk 

Шефот на делегацијата на Европската унија во Босна и Херцеговина Јохан Сатлер, во разговор за австриско радио изјави дека во БиХ де факто е на сила блокада на највисоките и најважните институции и дека постои можност за реакција на ЕУ. „Имаме блокада на Претседателството, Парламентот и Советот на министри. Ништо не напредува. Дејствувањето на босанските Срби, не само што е против правилата, туку и спротивно на барањата за пристап во ЕУ“, рече Сатлер. Како што рече, постојат различни начини да се реагира на тоа... Читать дальше...

Петков - Бугарија не разговарала за распоредување трупи на НАТО

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарскиот премиер Кирил Петков изјави дека неговата влада ниту разговарала, ниту донела каква било одлука за евентуално распоредување на трупи на НАТО во земјата како одговор на трупањето на руски војници во близина на границата со Украина. Петков ги даде коментарите на 22 декември, ден откако бугарскиот министер за одбрана Стефан Јанев рече дека распоредувањето на дополнителни војници во НАТО во членката на ЕУ, Бугарија „нема да се совпаѓа“ со интересите на неговата земја или нејзините сојузници. Читать дальше...

Пинг-понг со притворот на Мијалков – слика за македонското судство

SlobodnaEvropa.mk 

Прво скопска Апелација го пушти поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков од притвор, но по реакциите во јавноста, Кривичниот суд во Скопје му определи притвор за друг случај. Случајот е многу добра илустрација за состојбите во македонското судство, коментираат граѓаните на социјалните мрежи.

Путин - Русија гледа позитивна реакција од САД за загриженоста на Москва

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека постои надеж во однос на претстојните разговори со САД во врска со тензиите за масовно распоредување на руски трупи на границата кон Украина и за руската листа на барања за НАТО и европската безбедност.  Говорејќи на неговата годишна прес-конференција на 23 декември, рускиот претседател од Западот „веднаш“ да ѝ обезбеди безбедносни гаранции на Русија. Путин беше прашан дали мисли дека е веројатна нова војна меѓу Русија и Украина. Тој одговори велејќи... Читать дальше...

Констатирана оставката на Заев, течат роковите за нова Влада

SlobodnaEvropa.mk 

По констатирање на оставката на премиерот Зоран Заев од страна на пратениците започнуваат да течат роковите за формирањето на новата Влада. Согласно деловникот на Собранието и Уставот, најдоцна за 30 дена државата треба да добие нова Влада.

Дујовски: Во новата Влада не треба да се поставуваат лаици

SlobodnaEvropa.mk 

Најважно е дали новите имиња во владата ќе имаат капацитети за менаџирање. Важно е да имаме луѓе кои што ќе знаат како функционира тој систем. Сега во ова време на многу предизвици, на криза во која што се наоѓаме не би требало да се поставуваат луѓе лаици кои допрва ќе се запознаваат со организационата шема на секои од министерствата, вели професорот Никола Дујовски.


Музыкальные новости
OG Buda

Настоящая дружба: как Федук и OG Buda выглядели до популярности





Rss.plus
Владимир Потанин

Применим ли ЦФА для венчура в России?




В Клину увеличились показатели производства, розничной торговли и зарплата

«А как он пел «Травушку-муравушку»!»: 22 мая исполняется 100 лет со дня рождения Шарля Азнавура

В столице расселили 74 дома по программе реновации с начала года

Свыше 200 спортсменов выступили на первенстве по плаванию в Солнечногорске




Џафери: Пратенички прашања нема да имa

SlobodnaEvropa.mk 

Денеска нема да се одржи закажаната собраниска седница на која пратениците требаше да им поставуваат прашања на членовите на Владата на Зоран Заев, кој вчера ја достави до парламентот премиерската оставка, соопшти на брифинг со новинарите претседателот на Собранието Талат Џафери. „Каква придобивка ќе има од таква седница кога Владата е во оставка. Таа технички ги извршува должностите, но само технички. Нема законска одредба која го спречува одржувањето на седницата, но има воспоставена пракса за влада во оставка да нема пратенички прашања. Читать дальше...

Германскиот министер за здравство:Веројатно ќе биде потребна четврта доза вакцина

SlobodnaEvropa.mk 

Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах очекува зголемување на бројот на заразени со вирусот околу Нова година и изјави дека најверојатно ќе биде потребна четврта доза од вакцината за да се одржи најдобриот имунолошки одговор на ковид 19. Лаутербах за германскиот јавен радио сервис WDR 2 изјави дека  Германија сè уште не видела брз и моќен бран на нови инфекции со омикрон сојот, како другите европски земји. „Тоа ќе се промени околу Нова година и во првата недела од јануари“, рече Лаутербах. Читать дальше...

Еден месец од автобуската несреќа во Бугарија истрагата при крај

SlobodnaEvropa.mk 

Се уште се чекаат конкретните причини за автобуската несреќа во Бугарија која се случи пред точно еден месец. Бугарското обвинителство најави дека истрагата е при крај, а последните вештачења се очекува да бидат готови деновиве. Како водечка причина досега се посочува човечка грешка. Македонското обвинителство се уште не обелоденува дали во земјава ќе се бара одговорност од превозникот што го организирал патувањето од кои не се вратија 45 луѓе, а седуммина беа повредени.

Комшиќ: Ако Додик не го спречат странците, ние ќе го спречиме

SlobodnaEvropa.mk 

Актуелниот претседавач со Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ изјави дека доколку странците не го спречат српскиот член на тоа трипартитно тело, Милорад Додик, нема да има друг избор освен да го спречат сами. Комшиќ тоа го кажа во интервју за Радио Сараево и додаде дека, БиХ „никогаш всушност не била оставена на мир од оние кои го загрозуваат опстанокот на државата“. „Веќе ни се случи сето најлошо што можеше да и се случи на една земја и нејзините граѓани, од агресија, геноцид и злосторства што историјата на човештвото не ги памети. Читать дальше...

Путин навестува војна во Украина - руската телевизија ја засилува заканата

SlobodnaEvropa.mk 

Воените фанфари на руската државна телевизија ги поттикна стравувањата дека Москва подготвува инвазија врз Украина. Но, додека телевизијата ги истакнува заканите искажани од официјалните лица, аналитичарите веруваат дека повеќето Руси се против секаков конфликт.

АстраЗенека: Третата доза вакцина е ефикасна против омикрон

SlobodnaEvropa.mk 

Фармацевтскиот гигант АстраЗенека тврди дека третата доза од нивната вакцина против ковид 19 значително го зголемува нивото на антитела против сојот омикрон, соопштија во четвртокот на 23 декември од оваа компанија. Според една лабораториска студија, „бустер“ доза од вакцината го неутрализира сојот омикрон на ниво слично на она по втората доза во случај на соеви делта, соопштија денеска од оваа компанија. Нивоата на антивирусни антитела исто така беа повисоки кај оние кои примиле бустер вакцина отколку кај оние кои прележале ковид 19. Читать дальше...



Москва

Свыше 600 навалов мусора устранили в Подмосковье за неделю


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Сергей Собянин. Главное за день



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Юрий Лоза

«Считают каждую копейку»: Юрий Лоза рассказал о трудностях Максима Галкина* и Аллы Пугачевой в Израиле




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

Сергей Собянин подвел итоги Московской олимпиады школьников

Олимпийский чемпион Роман Костомаров поздравил победителей номинации «Экскурсия без границ» программы «Лига Экскурсоводов»

«Шушумагия» и «Команда МАТЧ» – в топ-25 мультсериалов на «Кинопоиске»


Камила Джорджи

Экс‑теннисистка Джорджи обвиняется в краже мебели и ковров на €100 тысяч — СМИ



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Москва

Мужчине дали 2,5 года за попытку открыть дверь самолета Москва — Барнаул



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России